За Каракачанов убиството на 12 ваташки младинци не е дело на фашисти туку граѓанска војна

Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и на Хитлер, ама тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти, рече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во денешното онлајн вклучување на радио Канал 77, каде што гостин беше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Каракачанов се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Вели дека сличен случај имало и во централна Бугарија.

„Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер, што е историски факт. Сојузници беа и властите на Италија и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти. Јас сум одел во Ваташа трипати. Првиот пат во 1994 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа. Случки како во Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија, каде што бугарската полиција убива 12-13 деца, не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја“,

вели Каракачанов.
Убиените ваташки младинци од бугарските фашистички сили во Втората светска војна во 1943 г.

(Оваа вест е целосно преземена од порталот 360 степени)

https://360stepeni.mk