За намалување на гужвите Град Скопје ноќе ги асфалтира улиците

Реконструкцијата на скопските улици и булевари , која изминатите месеци се одвива во најголем ек, предизвика и метеж и нервоза .

Но, голем дел од сообраќајниците се руинирани и повеќе од неопходна е нивна обнова.

По силните реакции, Град Скопје реши да ја продолжи нивната реконструкција, а асфалтирањето да се изврши ноќе.

,, После долги години, повторно се враќа ноќно асфалтирање на скопските улици. Финишираме со ,,Партизанска”, информираше Шилегов.

Ова им се допадна на скопјани, па некои од нив побараа тоа да се прави и кога се исцртуваат белите коловозни ленти, кога се празнат контејнерите, ноќе да се мијат валканите и и прашливи улици и слично.

Како што е случај во секоја светска метропола или поголем град.