За неколку дена почнува дистрибуцијата на вакцината против Ковид 19 во САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека во текот на идната недел, најверојатно четврток, ќе почне да се дистрибуира новата вакцина против Ковид 19 низ Соединиетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.

Трамп ова го изјави во видео конференциска врска со американски војници во странските мисии.

Вакцината прво ќе биде достапна за најизложените и и најризичните групи, како што се медицински работници, војници и полиција, а потоа и за хронично болните, повозрасните и другите категории граѓани.