За општина Карпош е симптоматично што пожарот во бараките се ширел брзо

Општина Карпош потврди дека дел од документациска и архивска историја на Скопје стана пепел. За нив е симптоматично што пожарот во бараките на Завод за Урбанизам и Институт за соцоилошко-правни науки многу брзо се ширел, стои во реакцијата по повод големиот пожар во кој изгореа две руинирани бараки , но со значајна документација и архива во нив.

Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот.Општина Карпош изразува искрено жалење за пожарот кој денес избувна на нејзина територија, во која изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам кој е во стечај. Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови-се вели во соопштението.