За погрешно паркирање во Грција се симнуваат регистарските таблички

Српски туристи сведочат дека во повеќе туристички места во Грција, останале без своите регистарски таблички , поради погрешно паркирање.

Грчката полиција ги симнува табличките на сите кои не се држат до прописите, а ова може да биде посебно незгодно за странците, бидејќи за да ги земете назад треба да платите казна од 40-80 евра за непрописно паркирање и плус за враќање на одземенета регистрација.

Ако ова се случи во текот на викендот, тогаш ќе мора да причекате до првиот работен ден, кога работат полициските станици.

Во Грција од минатата година важат нови поригорозни правила за сторени сообраќајни прекршоци.