За претседателот на Судски совет СЈО е инфантилно,а новинарите пристрасни

Претседателот на Судски совет Зоран Караџовски го прогласи Специјално јавно обвинителство за инфантилно, а новинарите за пристрасни затоа што известувале сензационалистички за се што ќе каже СЈО.Тој смета дека е недозволено СЈО да ги прозива судиите од Кривичен суд затоа што не им издаваат налози за претреси, затоа што се било пропишано во Кривичен закон.

„Се работи за, најблаго речено инфантилно однесување. Има закон за кривична постапка има начин на реагирање и начин на постапување. Сега тоа обвинителство оди чекор понатаму, со именување на совети и на судии. Значи има закони има процедури,,-вели Караџовски.

Според него медиумите пренесувале,, рекла-казала и обвинувања, па скандализирање и сензционализам , скандали од суд, јас го разбирам како пристрасно постапување и однесување од ваша страна“ – им се обрати Зоран Караџовски претседател на Судски совет на новинарите.

Сепак, Судски совет ќе разгледас дали имаат основа приговорите на СЈО.

 

АКО.мк