За Русија американскиот ракетен напад е агресија врз Сирија

 

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека воздушниот напад врз сириски воени објекти е агресија врз суверена земја. Ова го изјави портпаролот на кремљ Димитриј Песков.

Руските медиуми пренесуваат дека Путин смета дека американската агресија врз Сирија сериозно ќе им наштети на руско-американските односи и дека овој чин е заради одвлекување на вниманието од убisтвото на цивили во Ирак.

За Игор Морозов, член на Одборот за надворешни работи на Советот на федерацијата на Русија, ова бомбардирање потсетува на воздушната агресија на НАТО врз Југославија.

Тој смета дека хемискиот напад во Сирија во кој загинаа десетици цивили, е смислена американска провокација за да ги оправдаат воздушните напади врз воени објекти во оваа држава.