За Русија убиството на амбасадорот во Анкара е терористички напад

Официјалната претставничка на Руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека убиството на рускиот амбасадор во Турција е терористички напад.

Атентатот се случи попладнето кога напаѓачот со пиштол го застрела амбасадорот Андреј Карлов за време на неговиот говор на отворањето на една изложба.

Атентаторот беше убиен од турските безбедносни сили. За време на нападот тој извикнуваше Правда за Алепо и Алах е голем.