За Силјановска Давкова Заев е ,,најшут и најрогат“, а приврзаниците на СДСМ ,,северџани“

Носителката на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, на ФБ профилот има спонзорирана објава во која предизвикана од содржината на еден од прислушуваните разговори на Заев, ,,поентира“ дека е тој најшут и најрогат, а дека ,,северџаните“ им се воодушевуваат нему и на рада(Шеќеринска).

,,ЕМ НАЈШУТ, ЕМ НАЈРОГАТ, ЕМ НАЈПОПУЛАРЕН

Заев тврди дека бил прв меѓу еднаквите во битката со режимот, попозната како Шарена револуција. Ако своите соборци ги нарекува шути и рогати, тој бил НАЈШУТИОТ и НАЈРОГАТИОТ меѓу нив! Сега ми е јасно зошто го предложија ВИКИНГОВ ОД ЈУГОВ, погрешно наречен СЕВЕР, за Нобелова награда за мир! Ама, ВИСТИНСКИТЕ СЕВЕРЊАЦИ го прочитаа. Како може Југ да биде Север?

По ова, Заев почна да снима акциони филмови за Дивиот запад, од типот „ Добар, грд, лош“. Мила и Димитров ги гледаат во изборен пар, од кола, а Рада ја коментира Заевата „неприкосновена“ популарност кај Северџаните, навестувајќи нови успешни улоги- бомби!“-пишува во оваа објава, која како платена реклама се врти низ ФБ.