За сообраќајката со смртни последици кај Млечен ресторан само условна казна

Сопругата на трагично загинатиот Гоце Димитриевски од Тетово, Наташа Апостоловска, реагираше на социјалните мрежи по пресудата на предизвикувачот на сообраќајната несреќа со трагични последици, во која и таа беше тешко повредена и го загуби своето неродено дете.

,,Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при Основен Суд Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно!“ напиша Наташа на својот Твитер налог.

Претходно таа објави дел од обвинителниот акт:

,,Обвинител Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, број на предмет КО.бр.1256/19, Судија Елена Илиевска Јосифовиќ, број на предмет 16 К.бр.488/20 ОС Скопје 1, оштетена Наташа Димитриевска од Тетово – јас, Жртва Гоце Димитриевски од Тетово и нашето неродено бебе, обвинет Васил Чорбаџиев“…

Предизвикувчот на тешката сообраќајна несреќа, Васил Чорбаџиев, го усмрти на местото на несреќата сопругот на Наташа кој управуваше со моторот, а нејзе тешко ја повреди, откако удри директно во нив поминувјќи на црвено.