За ХРТ Груевски е се уште Премиер

Хрватската телевизија која вчера емитуваше интервју со  Никола Груевски, го потпиша како македонски Премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ. Дали станува збор за незнаење или нешто друго, не е јасно, но изненадува овој пропуст заради тоа што Груевски речиси две години не е Премиер, а неговото повлекување од таа позиција беше едно од клучните прашања договорени со Пржинскиот договор.

За груевски државен удар е Платформата  и идната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а не тоа што Претседателот Иванов не го дава мандатот и постапува спротивно на Устав.

ХРТ:Господине Груевски како ја коментирате актуелната политичка ситуација во Македонија, дали е тоа државен удар?

-Па на некој начин државен удар е кога после изборите ќе се донесе платформа во друга држава, а ќе се однесува на вашата држава, во случајот на нашата држава, Република Македонија. Кога таа платформа не е изнесена пред граѓаните на избори и кога граѓаните не се согласуваат, кога таа платформа е спротивна на Уставот на државата и кога политичарот кој што ја прифаќа таа платформа е уценет. Граѓаните не гласаа за таа платформа, тие не знаеја за таа платформа само месец или два пред изборите дека Зоран Заев ќе прифати таква платформа, и со таа платформа мнозинството Македонци ќе се однесат во опозиција со цел малцинството Македонци и мнозинството Албанци во Македонија да ја донесат таа платформа. Така гледано може да се каже дека е еден вид на државен удар.

Зошто за вас е спорна т.н. албанска платформа, нели вие потпишавте

нешто слично во 2008 година?

-Не, воопшто не. Тоа е многу различно. Ова што сега се прави е спротивно на Уставот на Македонија. Се оди кон бинационална држава, се занемаруваат другите етнички заедници во Македонија, како што се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите зошто да не? Така што сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една, се фаворизира албанската етничка заедница, а тоа се прави неуставно, тоа се прави без да се најави на изборите, со платформа потпишана во друга држава под покровителство на друг премиер, на премиерот Еди Рама, што вчера беше потврдено и од една од партиите која учествуваа таму, партијата БЕСА, која јавно кажа дека целата идеја и целото пишување на платформата било под покровителство на државата, Република Албанија.

Колку всушност за вас е проблем Специјалното Јавно Обвинителство во моментот, кое ќе работи на криминалите од аферата со прислушувањето. Многу кажуваат дека вие сте против тоа, затоа што ви е страв од апсење.

-Тоа нема врска со ова што се случува сега, и тоа е еден од изговорите на СДСМ како да му објасни на народот зошто ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа ова. ВМРО-ДПМНЕ му понуди друга алтернатива на СДСМ, а тоа е своите 51 пратеник да ги даде на СДСМ и заедно со нивните 49 да има 100 пратеници со кои што ќе формира влада. Ако сакаат премиер нека Зоран Заев, но да се откажат од платформата направена во Тирана.

Се зборува дека Претседателот Ѓорѓе Иванов пробуда го остави ВМРО-ДПМНЕ на власт со помош на политичката криза.

-Најдобро за тоа ќе си даде објаснување, господинот Иванов, но она што сакам да го кажам е дека само народот е тој што една партија може да ја донесе и да ја одржи на власт. ВМРО-ДПМНЕ се потпира на граѓаните, се потпира на народот, на својата платформа и она што го понуди на изборите на народот.

ХРТ