Вработените на Одделението за гинекологија во Битола, се пресреќни поради раѓањето на 101 бебе од почетокот на годината. Уште повеќе што за последните 24 часа на свет донесоа 5 здрави бебиња.

,,Дежурната екипа на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничка Болница Битола, Д-р Маја Аврамовска, с.Весна Спасевска и с.Муневер Веџиу, штотуку го донесоа на свет 101 то бебе Михаил,а изминатите 24 часа се родија вкупно 5 бебиња од истата деж. екипа предводена од Д-р Ристевска, Д-р Аврамовска. Нека се здрави живи и успешни идни граѓани на Битола!“-објавија од оваа болница.