За 24 часа откако беше исчистен паркингот кај ,,Трготекстил“ жителите направија ново ѓубриште

,,Почитувани граѓани,

сликите кои ги гледате се направени по нецели 24 часа по чистење на едниот дел од паркиралиштето ,,Трготекстил”. Не постојат служби во светот кои можат толку да исчистат колку што граѓаните можат да извалкаат. Ги молам совесните граѓани да ги пријават во Општина Центар сите оние кои го уништуваат нашиот простор“-апелира градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Исчистено вчера:

Денешна состојба:

Вчера, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во соработка со Општина Центар и ЈП „Комунална Хигиена“  започна со темелно чистење на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатијето со цел одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи на територија на општината.

Надлежните служби на Општина Центар и ЈП „Комунална Хигиена“ започнаа со темелно чистење на дел од паркиралиштето „Трготекстил“ кое се чистеше рачно со метли и пумпи, а потоа се вршеше и машинско миење со автоцистерни.

Покрај чистењето на паркиралиштето, ЈП ПОЦ ги бележеше и паркинг местата за полесно, попрегледно и пофункционално паркирање за жителите на „Трготекстил“.

Во наредниот период оваа акција ќе се спроведува два пати неделно и одредени паркиралишта ќе бидат ставени вон функција со цел подобро чистење и бележење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паринзи на Општина Центар.