За 68 минути Ѓоковиќ го освои Токио

Светскиот рекет број 1, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, за еден час и 8 минути игра го освои насловот во Токио, совладувајќи го Џон Милман од Австралија со 6:2, 6:3.

Ова е негов 76 трофеј во кариерата.

Со оваа победа Новак ја зголеми предноста на АТП листата пред Рафаел Надал и сега изнесува 1.140 поени.