За Mицкоски и ВМРО ДПМНЕ Груевски е политичка жртва на ,,Кацарска судството“

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Твитер се закани-,,Кацарска судството ќе заврши кога-тогаш“-напиша тој.

,,“Кацарска судството” работи под директен диктат на Зоран Заев, човек аболициран за тежок криминал. ,,Кацарска судството” е срам за правдата и правдината“,се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Според оваа партија, како реакција на одењето на Груевски во затвор, ,,“Кацарска судството” ја влече Македонија се подалеку од демократскиот свет каде што судот одлучува врз основа на факти и докази.

Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството.

Поранешниот премиер Груевски не сторил никакво дело. Аболицираниот Заев го клеветеше дека наводно крадел милијарди, а неговото ,,Кацарска судство” го осуди затоа што неколку пати влегол во службено возило, кое сеуште го користи криминалната власт.

Кривичниот совет уште еднаш потврди дека судството во Република Македонија е партизирано и служи за политички прогон на сите кои му се спртиставуваат на Зоран Заев во антидржавите политики. Демократијата и демократските процеси во земјава се мисловна именка.

СДСМ ја урнисаа правната држава, ги зарабија правосудните органи и целосно ги ставија во функција на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Република Македонија и нејзините граѓани стана заложници на криминалниот картел на власт.

Партиското судството во Македонија работи целосно под диктат на Зоран Заев и за нив не важат ниту докази, ниту аргуементи. Судството слепо ги извршува политичките  нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев“-смета ВМРО ДПМНЕ.