Зврлевски бегаше низ подземната гаража од упорната новинарска екипа на Макфакс(видео)

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска се обиде да ја избегне камерата и прашањето на Макфакс дали планира да поднесе оставка.

Зврлевски се обиде да се скрие од новинарите, меѓутоа екипата на Макфакс го пресретна кога обвинителот одеше кон Советот на јавни обвинители при што се обиде да избега во подрумските простории.

Додека екипата се обидуваше да земе изјава од Зврлевски, кој се криеше по подземните ходници, неговото обезбедување го газеше кабелот на микрофонот на Макфакс.

На прашањето дали ќе поднесе оставка, тој упорно повторуваше дека нема намера сам да се повлече.

Извор:Макфакс