Зврлевски му дише во врат на Зоран Заев

Јавниот обвинител Марко Зврлевски од парламентарните избори, откако трае обидот на СДСМ да формира Влада, отвори две истражни постапки против лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За едната од нив, за наводни изборни измами со која Зврлевски се обидува да покрене обвинение против Заев и други лица на раководни позиции во партијата, обвинителството ги товари за за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Предистражната постапка се однесува на изборите во 2014 и 2016 година, а досега се сослушани околу 70 сведоци. Покрај лидерот на СДСМ , денеска на распит е повикан и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.

Другата предистражна постапка покрената пред неколку денови се однесува за случај од пред седум години, а обвинителството истражува јавна набавка вредна 17.000 евра за асфалтирање улица.

Од струмичката локална самоуправа изјавија дека се е според закон и постапките се однесуваат на неколку различни улици во градот, а не како што тврди обвинителството за една улица неколку постапки.