Здравко Мамиќ e уапсен во БиХ

Некогашниот првиот човек на хрватскиот шампион Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е уапсен денеска во Меѓугорје од страна на специјалната полициска единица „СИПА“ . Мамиќ е уапсен во областа Меѓугорје и се очекува во наредните денови да биде пренесен во Хрватска, каде ќе треба да ја отслужи затворската казна.
 „Полицијата го лиши од слобода Зоран Мамиќ. Тој во текот на денот ќе биде предаден на судот на БиХ за понатамошна обработка на неговиот случај“ – вела полициските органи на БиХ.
Контроверзниот претседател, неговиот брат, Зоран, поранешниот директор на клубот, Дамир Врбановиќ и даночниот работник, Милан Пернар пред една недела беа прогласени за виновни во случајот во кој го оштетиле Динамо Загреб за 116 милиони хрватски куни .Судијата Дарко Крушлин го прогласи Здравко Мамиќ виновен за сите обвиненија и го осуди на шест и пол години затворска казна, а откако тој не се појави во судницата кон него беше распишана меѓународна потерница.