Здруженијата за заштита на животни ќе го тужат пејачот Наум Петрески за примитивизам и говор на омраза

,,Невистинити податоци, дополнителна паника кои само го продлабочуваат проблемот – страотни се вестите дека и вчера е гризнато четиригодишно дете од куче, без при тоа да се провери веста и утврди реалната состојба – дека детето, во миг кога не го чувал никој, влегло во туѓ двор (дворот на соседите) и се приближило до врзаното соседско куче (куче чувар) и на тој начин било нападнато. Прашуваме, кој е тука виниовен?“

 

Здруженијата за заштита на животни Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World(Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје), Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ) , искажуваат дополнителна загриженост што по страотната несреќа во која четири годишно дете беше жртва од напад на кучиња со сопственик, граѓаните масовно им пријавуваат труења на бездомни животни, дури и нивно застрелување. ,,

,,На застрелување и хајка врз сите бездомни кучиња  јавно повика и пејачот Наум Петрески, кој за својот примитивизам, говор на омраза, поттикнување насилство ќе добие кривична тужба. Истиот ден кога повика на одстрел, со пушка се убиени две бездомни кучиња – мајка и нејзиното кутре“-се вели во реакцијата на овие здруженија. .

Во однос на труењата, се укажува дека е  расфрлан  високораздорен, смртоносен отров насекаде, во бројни градови и села во Република Македонија. Расфрлан е отров кој, при само вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камо ли дете. Отровот во храна е фрлан на високофрекфентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки.

Труењата се истовремени во повеќе градови и села што укажува дека се  институционално синхрозирани и реализирани. До  здруженијата пристигнала и   оваа снимка на која се снимени 2 лица како фрлаат отров, со кој убија повеќе маалски животни.

Знаеме дека зад ова постои план и организација и се сомневаме во општините-се вели во реакцијата.

https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/1405518539504380/?hc_ref=NEWSFEED

Да не се злоупотребуваат лични трагедии и  несреќи за да се убиваат животните и покријат некомпетентноста, незаинтересираноста, одговорноста на институциите кои ја имаат во однос на проблемот со бездомните кучиња!-апелираат од здруженијата за заштита на животни.

Податоците укажуваат дека 9 од 10 угризи од кучиња, се од кучиња со сопственик, а не од бездомни.

,,Апелираме до институциите, медиумите, јавноста за разумност и итна примена на адекватни, ефикасни мерки за намалување на бројката бездомни животни, мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на населението – масовна стерилизација на животните, а никако убивање зошто на испразнета локација секогаш доаѓа ново куче (репродуктивно способно, непознато на населението, неадаптирано) и не постојат изгледи да се стигне природната прогресија дури хипотетички кога би се убиле речиси сите .

Се додека не се исконтролира изворот на бездомните животни – а тоа е неодговорното сопствеништво, непречено размножување, напуштање на улица – ние немаме никакви изгледи да ја надминеме оваа декадна состојба во која се наоѓаме, не делуваме врз причинителот на проблемот – само  времено ги сокриваме последиците, се вртиме во круг, вакви несреќи ќе се мултиплициераат, случуват и понатаму“-се вели во реакцијата од здруженијата за заштита на животни.