Зекири:ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ја обновија криминалната коалиција

Пратениците на СДСМ упатија остри критики кон коалицискиот партнер ДУИ. Тие порачуваат дека однесувањето на спикерот Талат Џафери и неговото тактизирање со гласањето за законот за Јавно обвинителство е неприфатливо.

,,Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ.
ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови.
СРАМОТА!!! “-реагираше вечерва пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.

Претходно реагираше и Александар Кирацовски.

,,Џафери наместо да боксува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.

Но, она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.

И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”-вели Кирцовски.