Зекири до Мицкоски:Помислив дека ќе кажете дека за малку ќе се оженевте за Албанка

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, со иронија му одговори на лидерот на ВМРО ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, а во врска со неговите изјави дека тој и неговата партија се рижат за сите Албанци.

,,Благодарам многу што конечно почна да мислиш на Албанците. Не знам што досега чекаше?
Албанците многу добро знаат како се борите за нив ти и партијата која ја раководиш…
Не забораваат Албанците со каква хистерија ја наметнавте темата и говоревте за т.н. ,,Тиранска платформа”…
Да не заборавиме како реагиравте на Законот за јазиците…
..И многу други случаи кога на дело докажавте колку се “грижите” за Албанците во нашата земја, Република Северна Македонија.

П.С: Вашиве зборови ме трогнаа длабоко кога кажувате колку се грижите за Албанците. Дури помислив во еден момент дека – во стилот на Гордана Силјановска – ќе кажете дека за малку ќе сте се оженеле со Албанка“-напиша Зекири на ФБ.

Христијан Мицкоски воинтервју за МТВ 2, програма на албански јазик, праша до каде се проектите кој им ги вети Заев на граѓаните кои требаше да им го направат животот на Албанците подобар.

-До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми. А овие кои што ги изневерија вашите очекувања и фино залегнаа во фотелјите треба да дадат отчет зошто лажеа, изјави Мицкоски за МТВ 2.