Зекири пред 3 дена гостуваше во ТВ 24 и го критикуваше Чулев за неказнувањето за непочитување на мерките

Пред три дена, потпретседателот на СДСМ во тв дуел на ТВ 24 вести, кога уште не знаеше дека и самиот е позитивен на КОВИД 19, жестоко го критикуваше техничкиот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Наќе Чулев.

Зекири објави дека со сопругата и тримесечната ќеркичка се позитивни на коронавирус.

Тој вели дека нема никакви симптоми и им се извини на сите со кои бил во контакт изминатиот период.