,,Зелена лупа“ нуди помош за барања за азил во Унгарија

Здружението ,,Зелена лупа“, кое  набљудува судски процеси, упати апел до сите жртви на правосудниот систем и на Никола Груевски и неговата влада, да побараат помош доколку сакаат да поднесат барање за азилво Унгарија:

,, Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на ,,жртвата” Никола Груевски.
Здружение Зелена лупа Ве повикува сите Вас:
– Што бевте апсени со специјалци на брутален начин;
-Што Ви беше нарушена презумпцијата на невиност;
-Што ви носеа монтирани сведоци;
-Што Ви местеа вештачења;
-Што лежевте притвори без основа;
-Што не добивте фер судски процеси;
-Што ве осудија без докази, а по нарачка;
-Што имате затворски казни за долежување
-Што лежите затвор во моментов, а имате право на излез или викенд;
-Што трпите последици од судски неправди;

Сите Вие што чувствувате потреба од правда која ви била украдена и одземена во времето на Грујо. Ве повикуваме
да се јавите на бројот 02 60 90 124 или да ги посетите канцелариите за Здружение Зелена лупа.
Зелена лупа ќе Ви помогне околу докумантација и информации како да побарате азил од демократска Унгарија!

Сите ќе бараме ист третман за постапка за азил како и Никола Груевски!
Демократска Унгарија ќе постапи на ист начин со сите нас како и со Никола Груевски!“-се вели во објавата на ова здружение, со кое раководи поранешниот затвореник во времето на Груевски, Ване Цветанов.