НА МЕСТОТО ОД СТАРАТА ДЕПОНИЈА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ЌЕ ИМА НОВА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА

,,Денеска сме на локацијата што повеќе од 20 години беше дива депонија и беше место коешто претходно никој не нашол за сходно да го среди. Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри, и преку ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет.

Во овој момент се чистат депонии во општина Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Аеродром, каде што ќе никнуваат нови вакви мали паркови, мини зелени оази, со цел јавниот простор да го заштитиме, пред се од градежно дивеење, меѓутоа и од фрлање на ѓубре и отпад кој каде ќе стигне. Ги потсетувам граѓаните на Скопје дека Скопје ќе биде онолку убав град колку што ние ќе сакаме сите заедно да го направиме“-изјави Шилегов.