Зеленски влезе во политиката како комичар и стана Претседател на Украина

Володимир Зеленски, комичар кој до неодамна ја засмејуваше публиката, ќе биде новиот претседател на Украина.

Тој убедливо го победи Петро Порошенко во вториот круг на изборите.

Според излезните анкети, 41-годишниот Зеленски освоил 73% од гласовите.

Тој водеше со голема предност и во првиот круг , иако имаше 39 кандидати.

Претседателската функција во Украина носи значителна моќ во областа на безбедноста, одбраната и надворешната политика.

Бизнисменот Порошенко кој дојде на местото на симнатиот и протераниот Леонид Кучма.