Земјотрес во Скопје

Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, денеска, во 12.52 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтер со епицентар на 6 километри источно од Скопје, на македонско-српско-косовската граница. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар.

Претходно, од истата опсерваторија беше јавено дека земјотресот е со јачина од 2,7 степени

Вчеравечер, во 18.52 часот регистриран е уште еден земјотрес во регионот, со јачина од 2.5 степени со епицентар на 16 километри западно од Прокупље.

OhridNews