Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер ја пгоди централна Италија. Претходно Американски геолошки завод објави дека јачината била 7,1, но потоа ја ревидираше магнитудата.

Според првите податоци урнати се многу згради,а се уште нема информација дали има повредени или загинати.

(Урната катедрала во гратчето Норсиа)

Потресот е почувствуван во Рим каде граѓаните во паника ги напуштале своите домови. Според многубројните приватни видеа на социјалните мрежи се гледа како се тресат домовите, лустерите, паѓаат работи…

Земјотресот се почувствувал и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија.