Зиков: Мојот клиент Поповски е сериозно загрижен и за утрешната пресуда

Адвокатот на осудениот Ѓоко Поповски,Стерјо  Зиков, изјави дека  не е задоволен од пресудата и од висината на казната. Да се даде 9 години за дело сторено пред 10 години, за јавна набавка и заради различно толкување на прописите, е навистина…рече Зиков.

Но тој рече дека на барање на  неговиот клиент, ќе се воздржи од секаков натамошен коментар, а ќе ги обжалат и двете пресуди, за затворска казна и притвор.

Бранителот на Поповски е сомничав за исходот на жалбите, со оглед на денешната драконска казна.

Ѓоко Поповски,според Зиков, бил сериозно загрижен за пресудата која за него треба да биде изречена утре за друг предмет.