Европскиот кадетски првак во борење, Бесир Алили, пристигна во Македонија со освоеното злато во слободен стил до 48 килограми на кадетското Европското првенство во Фиренца каде славеше против Ховханисјан од Ерменија со 7-6.

Шампионот беше пречекан уште на граничниот премин Табановце од роднини, навивачи и поддржувачи, а потоа со панорамски автобус тргна кон плоштадот „Скендербег“, кадешто ќе биде приреден свечен пречек.

Фото: Арбнора Мемети