Златни навики на успешните

 

 

Посакувате да бидете еден ден успешни и да ги следите постапките на веќе успешните? Тогаш, ова е вистинскиот текст за вас како да научите на што да не ја трошите вашата енергија и што прават различно од другите  успешните за да останат на  истото место. Еве што за тоа објави сајтот Let’s reach success.

Планираат две недели однапред

Планирањето е клучот на успехот и ќе ве спаси да не се најдете во ситуација, да не знаете што понатаму и да ве фати паника. Планирањето две недели однапред ве води до многу добра ораганизација. Важно е да не се откажувате од она што сте го замислиле. Со планирање нема да се најдете во непредвидена ситуација и полесно ќе ги воочувате потенцијалните проблеми.

Вежбање во текот на денот

Тренингот ги прави посилни вашето тело и ум. Многумина веруваат дека успешните луѓе поради бројните обврски, работа, презентации, говори, грижа за семејството и т.н, немаат време за тренирање, но тоа не е така.Тие ја знаат вредноста на тренингот и никогаш не го прескокнуваат. Разберете го тоа и вие што побрзо. Не мора вашиот тренинг да биде тежок и со кардио вежби, но   важно е да имате рутина и секојдневно да правите неколку вежби.

Се насочуваат на конкретна  работа

Понекогаш мислиме дека сме Supermen и дека се можеме сами. Кога ќе увидиме дека не можеме, се разочаруваме и стануваме непродуктивни што доведува до неуспех. Успешните се свесни дека не знаат се и дека  не можат сами се, па затоа  ги откажуваат споредните работи или пак работите што не се за нив и својата енергија ја пренасочуваат кон работата каде што можат да бидат најпродуктивни. Фокусот е многу важен кога е во прашање успехот.

Избегнувајте ги тимските состаноци

Brejnstorming е исклучително познат во деловниот свет и тоа е време кога доаѓаат најдобрите идеи,решенија и одлуки. Успешните луѓе знаат колку често состаноците се претвораат во седенки и пиење кафе. Состаноците треба да траат максимум половина час и да имаат што помалку луѓе, бидејќи секој има нешто да каже и тоа може да трае со часови. Не го трошете своето време.

 

Рано стануваат

Наутро нашиот ум нема илјада работи на памет. Смирен е, фокусиран и сталожен. Многу повеќе работи може да завршите пред појадокот, отколку во текот на целото попладне. Да ги завршите големите работи на време и да имате време да поминете со своето семејствоКога ќе сфатите во каков режим се вашиот мозок и организам наутро, веќе никогаш нема да спиете до доцна. Посветете се на својот сон за да биде квалитетен,  кога ќе станете рано наутро да бидете одморнии подгогтвени за работа.

Поврзувајте се со луѓе

Netvorking е клучот на денешниот успех. Ништо не може да ви донесе толку конекции ,информации и идеи, како поврзувањето и дружењето со други луѓе од ваша бранша. Доколку не сте вешти во оваа област, почнете да излегувате на местата на случувањата и потрудете се да запознаете што повеќе луѓе кои се занимаваат со слична работа или кои се влијателни во тоа што сакате да го работите.

Носителите на одлуки мора да избегнуваат замор

Голем проблем со кој се соочуваат надредените  е донсеувањето на квалитетна одлука. Не е тешко да донесете една или две, но  кога без престанок треба да одлучувате за важни работи , тоа може да ви одземе многу енергија бидејќи често се преиспитувате и размислувате за луѓето кои се загрозени или пак унапредени со вашите одлуки. Успешните ги пренесуваат малите одлуки на други, а се занимаваат само со важните деловни одлуки. Исто така научиле дека донесуваењето на важни одлуки е дел од нивниот живот и не губат премногу енергија на двоумење,туку секогаш се решителни и цврсти во тоа.

Подготви: Ангела Лазаревска