ЗЛОУПОТРЕБА: Груевски изврши увид на спортска сала државна инвестиција вредна 2 милиони евра

Продолжува недозволиво партиско приватизирање на државни објекти и инвестиции од страна на Никола Груевски од позиција на претседател на партијата ВМРО ДПМНЕ. И денеска Груевски во придружба на државни функционери од неговата партија кои ја злоупотребија својата позиција, скандалозно ја поистоветија по кој знае кој пат партијата со државата.

Увидот што го направи Груевски се најде и меѓу официјалните објави на интернет страницата на ВМРО ДПМНЕ, а во партиското соопштение стои дека во посета на универзитетскта спортска сала при УКИМ, беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на директорот на АМС Марјан Спасески и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.