Хрватските медиуми објавија видео на кое е забележана една од најдолгите змии што живеат на европско тло како плива на површината на морето.

За посетителите и туристите ова е невообичаена глетка, но Андреј Симчиќ, кој ги проучува влакачите на територија на Хрватска, вели дека ова не е реткост, бидејќи сите змии знаат да пливаат.

Станува збор за змијата од видот четверопругаст кравосас.

А тоа како се нашла во морето, може да се објасни дека најверојатно паднала од некоја карпа или дрво на брегот, па сега се обидува да се врати таму, качувајќи се на првиот цврст објект, во овој случај најблискиот брод.

Извор: Морски.хр