Знамето на НАТО подигнато заедно со македонското пред Влада на Република Северна Македонија

На свечена церемонија, пред Владата беше подигнато знамето на НАТО, веднаш до македонскто знаме. Отсега тоа ќе стои пред Владата на Република Северна Македонија.

Натписот со новото име на државата, кое беше сменето заради членството во НАТО и согласно Договорот со Грција од Преспа, ќе биде испишано на местото каде стоеше името Влада на Република Македонија.

Пред присутните се обрати премиерот Зоран Заев, користејќи го новото име на државата Република Северна Македонија и Северна Македонија.