ЗНМ и синдикатот бараат да не биде отпуштен ниту еден новинар

Финансиската ситуација во компанијата издавач на Утрински весник не е одговорност или вина на новинарите, туку на менаџерскиот тим, нивните лоши одлуки и поврзаноста со власта, рече претседателката на синдикатот Тамара Чаусидис на прес конференцијата на која повеќе новинарски организации и здружанија, како и синдикатот им дадоа поддршка.

Новинарите во Македонија постојано работат под притисок и закани од отпуштања или затворање на медиумите.

,,Доста е веќе”- рекоа ЗНМ, Синдикат на новинари, МИМ и други еснафски организации кои присуствуваа на прес конференцијата за поддршка на новинарите од Утрински кои последни во низата отпуштања се најдоа на листите за отстрел.

Новинарите да се остават слободно и професионално да си ја работат својата работа, бидејќи основен предуслов за демократија се слободни медиуми. Новинарите се изложени на ужасен психолошки притисок, уцени и непристојни предлози, како на пример-уредникот да избере десет за бркање, во спротивно клуч на врата!

Синдикатот повика на јавен отпор. Да се спротистви јавноста, но и новинарите што известуваат од сите настани.

Конечно да се солидаризираме-повикаа ЗНМ,Синдикатот,МИМ и други еснафски организации, и побараа да не се отпушти ниту еден новинар од Утрински весник!