Зоран Божиновски не го признава овој суд

Зоран Божиновски, кој е обвинет за шпионажа, злосторничко здружување и уцена, на денешното судско рочиште рече дека не прима обвинение од овој суд. Вие сте дел од злосторничко здружување и не сакам да примам обвинение од вас- и рече Божиновски на судијата. Потоа таа го опомена за изреченото.

Во обвинителниот акт Божиновски се товари дека преку својот сајт уценувал бизнисмени и други личности, со цел да изнуди пари. Наводно, тој ги уценувал Минчо Јорданов и Драган Даравелски .

Според образложението на јавниот обвинител, Божиновски, наводно од претходно осудените од предметот ,,Шпион”, кој во меѓувреме заврши со второстепена одлука на судот, добивал насоки како преку неговиот медиум да се врши рекет кон двајцата познати бизнисмени, Драган Даравелски, инаку поранешен директор на Царина, а кој сега живее во Белград и сопственикот на „Бетон“ и други фирми, Минчо Јорданов. Судскиот процес ќе продолжи на 10 ноември во 10.30 часот. До тогаш Божиновски останува во притвор.

Обвинението е уште од 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадицијата од Србија во Македонија на 21.04.2016 година.

Зоран Божиновски во минатото беше претепан во Куманово, а тој за тоа го обвини Драган Даравелски.