Зоран Заев:Очекувам Ѓорѓе Иванов да ми го додели мандатот!

Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство да формира Влада.

Македонија нема време за губење. Очекувам Ѓорѓе Иванов да ми го додели мандатот за формирање Влада согласно Уставот-рече Заев.

Ние имаме поддршка од граѓаните, на изборите победи коцептот на заедништво и ние ќе градиме таква Влада-рече Заев.

Созреани се условите за нова и одговорна Влада-рече тој.

Имаме став за Платформата на политичките партии на Албанците. Ние се залагаме за еднакво општество за сите. Отворени сме за сите прашања, а доколку веднаш го добиеме мандатот, ќе ги откриеме сите наши погледи во врска со тоа, а тие не се изненадување-рече Заев на одговор на парашање на прес конференцијата.

-Дали имате мнозинство во Парламент?

Заев рече дека е логично СДСМ сега да го добие мандатот, иако Иванов претходно реши да го даде на ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што тие не поднеле доказ дека имаат мнозинство. Сега тој  е убеден дека ќе го формира парламентарното мнозинство и идната Влада на РМ. Затоа лидерот на СДСМ очекува веднаш да го добие мандатот од претседателот Иванов, бидејќи Македонија нема време за чекање.

АКО.мк