Зоран Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ на претстојниот конгрес

Деновиве пристигнуваат известувања од општинските организации на СДСМ дека како единствен кандидат за Конгресот на партијата кој треба да се одржи на 2 мај го предлагаат актуелниот лидер на партијата Зоран Заев.

,,Општинската организација на СДСМ Охрид како единствен предлог за претседател на СДСМ го изгласа, со акламација претседателот Зоран Заев“-информираа од оваа организација.

,,СДСМ Битола одлучи! Зоран Заев, нашиот лидер, голем борец, херој на нашето време…единствен кандидат за претседател на СДСМ “-напиша на својот ФБ профил претседателот на оваа општинска организација Васко Ковачевски.

Зоран Заев со акламација е избран за кандидат за претседател на СДСМ и во организациите на СДСМ во Струмица, Крива Паланка и другите општински организации во Македонија.

Редовниот изборен конгрес на СДСМ ќе се одржи на 27 мај. На почетокот на месецот оваа партија објави оглас за самокандидирање на членови на Централен и Надзорен одбор, како и за претседател на партијата.

Нема сознанија дали некој ќе се самокандидира за претседател на СДСМ, но од општинските организации на СДСМ засега како единствен кандидат се предлага Зоран Заев.

АКО.мк