На Универзитетот ФОН  се одржа свечената церемонија за Номинација за Нобелова награда за мир за 2019. Номинацијата за Премиерите на Република Македонија и Република Грција  ја објави добитничката на Нобелова награда за мир и професор honoris causa – Уидед Бушамауи.

„Почестена сум што ги номинирам Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир.Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сѐ“, рече Бушамауи.

Номинацијата беше објавена денеска на ФОН Универзитетот, каде за значењето на Договорот од Преспа покрај Бушамауи, говореа и членот на Европскиот парламент од грчката владејачка партија Сириза, Стелиос Колуглу и деканот на ФОН, Нано Ружин.