Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека животот и здравјето на граѓаните се врвен приоритет.
,,Прво здравје и безбедни граѓани, а потоа избори, потоа сѐ друго“-рече Заев на прес конференцијата на која упати уште еднаш апел граѓаните да се придржуваат на препораките на надлежните институции.
Тој рече дека викендот ги проценувале сите аспекти и дека како најголема политичка партија препорачуваат пролонгирање на изборите, но конечната одлука ќе мора сите политички чинители заедно.
Заев вели дека 12 април како датум за избори е ризик, па затоа ќе препорачаат нивно одложување.
Кога ќе бидеме сигурни дека е безбедно по здравјето на луѓето, тогаш ќе можеме да ги закажеме повторно изборите.