Зоран Иванов ќе биде разрешен од функција поради говор на омраза и недолична изјава за Захариева и Бакојани

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија, информираше вечерва Владата.

Новинарот Зоран Иванов на својот ФБ профил напиша:

По објавувањето на овој статус, вчера имаше бројни забелешки дека е недоличен, дури и од професорот Тони Дескоски.

Иванов објаснуваше:

,,Постот упатува на свршување на кариерите, а фригидноста на дипломатското фијаско, дајте малку метафорични значења на стварноста“.

Потоа порача дека не лиже таму каде што плукал, а на ВМРО ДПМНЕ им порача џабе да не си ги острат јазиците.