Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.

,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

За оваа посета нема ништо на профилите на социјалните мрежи на премиерот Заев.

Ова не е прва ваква средба меѓу двајцата премиери. Пред неколку месеци Харадинај и Заев имаа неформална средба, но тогаш македонскиот премиер бешее на госсти кај косовскиот.