Зоран Маџиров е во стабилна состојба

Познатиот музичар Зоран Маџиров е во стабилна состојба и надвор од животна опасност известува Струмицанет. Тој вчера доживеа тешка сообраќајна незгода која се случи околу 16:40 часот на патот од Струмица кон Радовиш.

Маџиров е свесен и контактабилен, без повреди на главата и не е во животна опасност.

Тој управувал со својот автомбил марка „Мерцедес“ и удрил во камион – влекач, по што се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш бил пренесен во болницата во Струмица, а од таму, поради сериозноста на повредите пренесен е во Клиничкиот центар во Скопје.

Од моментот на сообраќајката до 22:00 часот вечерва, сообраќајот беше во прекин, поради увид на сообраќајната незгода. Од АМСМ информираат дека сообраќајот веќе е нормализиран.