,,Зошто да не премиер Албанец“ е повеќе симболика отколку практика, вели Османи

ДУИ очекува покана од СДСМ за формирање на ново парламентарно мнозинство веднаш по конституирањето на Собранието, изјави Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Т7, пренесува Алсат. Османи не исклучува и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Гласините за ротација на позицијата Османи ги нарекува „коментари на аналитичарите“, иако како партија не би имале ништо против за таквата идеја.

Османи изјавил дека нивниот предлог за премиер Албанец е симболичен.

„Една од паролите на кампањата беше Зошто да не?, така што Зошто да не? Сè е можно. Во случајот со премиерот, симболиката е поважна отколку практичниот аспект. На овој начин се кршат табуата на нееднаквост во оваа земја. Мислам дека институциите се ослободуваат“,рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ во интервју за косовската телевизија Т7.