Утрината веста за апсењето на Драган Симоновски влезе во секојдневниот полициски билтен како вообичаеана вест со едвај три реда:
,,На 09.03.2018 година по налог на Основно јавно обвинителство од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ “Злоупотреба на службена положба и овластување” .
Првичниот спин беше дека Симоновски е уапсен заради мито, па дека е фатен за време на примопредавање на парите, но денеска се истапува со информацијата дека е уапсен заради пробивање на ПИ мерки, односно дека тој јавил некому дека е предмет на прислушување или следење.
Во недостиг на официјални и целосни информации, почнуваат да се пласираат разни непроверени или инсајдерски информации.
Зоран Божиновски, сопственик на портал ,,Буре Весник“, објави дека Симоновски е наместен заради тоа што водел две многу важни истраги..:

,,ZA PUSTI 160.000 EVRA!!!

Dragan Simonovski, včera priveden sovetnik na ministerot Oliver Spasovski, pred dve nedeli podnel krivična prijava protiv advokatot ANTONIO APOSTOLSKI, za vmešanost vo finansiski kriminal vreden 160.000 evra. Apostolski gi podignal tie pari so navodna izmama, namesto oštetena stranka koja ja zastapuval. Ova navodno e izvedeno preku lice koe lažno se pretstavilo deka e ošteteniot. Spored mojot izvor od MVR, izmamata bila izvedena so amin na sudijkata od Vrhoven sud LIDIJA NEDELKOVA, sopruga na Apostolski. Kako nivni spasitel se javuva direktorot na BJB LAZE VELKOVSKI, otkako sfatile deka Simonovski e uporen istragata da ja dovrši so prijava protiv niv.

Poradi negovoto tvrdoglavo nesoglasuvanje da popušti, pred nedela dena vo skopskata kafeana MEANA B. se sostanale Apostolski, Nedelkova i Velkovski i presudile: SIMONOVSKI MORA U PRITVOR! Operacijata e izvedena včera popladne, pred MVR da zamine na vikend za da može možnite tenzii da se amortiziraat do ponedelnik. Celoto včerašno petočno popladne, nokta i denes, Velkovski i zagrozenite mokni sopružnici baraat kršliv i kooperativen obvinitel koj ke predloži pritvor za Simonovski…

Simonovski osven na ovoj slučaj, raboti na drug mnogu POOPASEN! Ja vodi Komisijata koja istražuva kade e opremata za sledenje i prisluškuvanje, isčeznata neraspakuvana od Sektorot za vnatrešna kontrola vo vreme koga rakovodela ANETA STANČEVSKA, a nejzin pomagač vo ovoj kriminal bil aktuelniot pomošnik na min vo ovoj sektor DEJAN ANDONOV!

Taa oprema e amerikanska donacija preku organizacijata ICITAP…“(ФБ статус на Зоран Божиновски)

Насловната фотографија на која е уапсениот Драган Симоновски, посочен со стрелка, е многу близок соработник со Оливер Спасовски уште од времетео кога тој беше технички министер во владата на ВМРО ДПМНЕ.
Фотографијата е направаена лани во ноември на Меѓународна конференција „Приватна и јавна безбедност, соработка и партнерство“, во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и под покровителство на Факултетот за безбедност .