Зошто МВР не ги извести македонските граѓани за безбедносни ризици во Скопје?

Македонското министерство за внатрешни работи е институцијата што ги предупредила Американската амбасада во Скопје и Стејт Департментот за безбедносни ризици во близина на зградата на Владата на РМ во Скопје. Оваа информација била доволен аларм за американските безбедносни и дипломатско-конзуларни служби да издадат итно предупредување нивните граѓани кои се во Македонија да не се движат во оваа област. Дури и официјалната страница на Стејт Департментот за безбедносно ризични места за патување, ги предупредуваат туристите дека не е безбедно патувањето во Скопје.

Но, она што чуди е зошто не се предупредени граѓаните на Македонија, посебно на Скопје за вакви безбедносни ризици за кои зборува МВР. Како е возможно нашата Влада да се грижи за американските, но не и за своите грѓани?

Потоа, врз какви информации се должи оваа проценка и дали МВР знае нешто што се крие од македонската јавност?

Или по лажнот јавување на некој пијан човек дека ќе ја гранатира владата, сега може да очекуваме и гранатирање, какви што имаше во минатото на неколку наврати, но кои никогаш не се расветлија.

 

АКО.мк