Зошто не се казнуваат дрските возачи кои возат по тротоари додека други чекаат на семафор?

Во Скопје владее општ сообраќаен хаос. Се паркира на тревници, на тротоари, на пешачки и велосипедски патеки. Не се користат сообраќајните сигнализации при возење, се врти без трепкач, не се пропуштаат пешаци на пешачки, се зборува на мобилен…

Но, се чини најдрски од сите се возачите кои не сакаат во сообраќајните шпицови, посебно наутро кога администрацијата оди на работа, да чекаат на семафорите, туку најбезобразно со своите автомобили се качуваат на пешачките и велосипедски патеки и непречено од никого ги поминуваат пристојните возачи.

На тротоар до целта
Омилен тротоар на дрските возачи
Секој ден исто…фото: ѕид на сообраќаен срам
Никој не почитува сообраќајни правила, автомобилите на тротоар, пешаците на коловоз-фото: ѕид на сообраќаен срам

Нејасно е зошто и покрај бројни реакции на дел од јавноста за секојдневни хаотични состојби во сообраќајот, надлежните не преземаат ништо.

МВР не успева да воспостави пристојно однесување и почитување на сообраќајните правила, локалните самоуправи не ги обезбедуваат физички, со столпчиња, просторите резервирани за пешаци и велосипеди.

Во ваква хаотична состојба, продолжува анархичната состојба во сообраќајот и на јавниот градски простор.

Кој како сака и како ќе се снајде…

АКО.мк