Зрињски се засили со играч од Ријека пред мечот со Академија Пандев

Зрињски е тимот кој е противник на Академија Пандев  во првото квалфикациско коло во Европа лигата, екипата од Мостар доби засилување  во името на  дефанзивецот Јасмин Челиковиќ.

Челиковиќ важи за голем талент, има 20 години, кариерата ја започна кај НК Загреб, продолжи во Ријека , настапуваше  и за Интер Запрешиќ. Челиковиќ е репрезентативец на БИХ, ја носеше капитенската лента во кадетската  и јуниорската репрезентација на својата земја.

Академија Пандев и Зрињски се среќаваат на 11 јули во Скопје,  и седум дена подоцна во БИХ.