Несовесните возачи немаат милост и кон Ибни Пајко. Неодамна уредениот парк и простор во околината се окупирани од автомобили. Нивните сопственици унишувааат сѐ, но не сакаат да платат паркинг.

Во акцијата на Инспекторатот на Град Скопје спроведена денескааа на просторот на паркот Ибни Пајко беа затекнати и санкционирани повеќе несовесни возачи кои ги имаа паркирано своите возила спротивно на закон.На истите им беа изречени глоби од 50 евра во денарска противвреднос, соопшти Град Скопје.