Ивана Туфегџиќ:Домот да ми го оставите на мира!

,,Попладнево ова го оставиле на оградата, додека сестра ми била дома. Мојата фамилија не е избрана од граѓаните, јас сум, затоа домот да ми го оставите на мира. Дополнително во меѓуетничка средина како што е Ѓорче, ова е таргетирање и потпалување на тензија. А, вие што сте го оставиле ова, можете уште 1700 вакви да ми оставате јас и како граѓанин и како избран пратеник ќе се залагам и ќе се борам за Македонија која ќе биде правна држава и дом на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. За тоа сум се залагала и ќе продолжам да се залагам, и ниту една навреда ниту закана која ја добивам нема да го смени тоа“-ФБ статус на Ивана Туфегџиќ,пратеник на СДСМ.