Ивановски објави фотографија и своја верзија за семејното насилство на неговиот портал

По скандалозното  насилство во семејството на сопственикот на порталот Мактел, потврдено и од МВР, Саше Ивановски, објави своја верзија на настанот, поткрепена со фотографија на која тој е сликан со повреди од тепачката. Тврди дека тепачката се случила поради болната љубомора на неговата сопруга , заради некоја новинарка:

,,Се надевав дека нема случајот да излезе во јавност затоа што не сакав да и наштетам на мојата сега веќе екс сопруга.

Но за жал случајот некако излезе во јавност и ќе морам да ја кажам вистината.

За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината  болна љубомора која беше без основа.

Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак.

Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите.

Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите.

Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади.

Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имама повреди на лицето и на ушите.

Целата среќа е што таа во брзината земала тап нож за леб наместо некој остар во врв, тогаш може и ќе ме повредеше многу повеќе и случајот ќе беше многу потрагичен.

Тогаш решив да ја совладам и да ја чекам полицијата да дојде, додека траеше целиот напад од неа полицијата слушаше од другата страна, за среќа стигнаа за само 5 минути се погодила една патрола паш пред нашата зграда и немаше поголеми повреди кон никого освен моите гребаници и секако преплашеноста и траумата на нашиот син кои се надевам брзо ќе ги заборави.

За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано…

Тоа е тоа почитувана јавност, не сум јас насилник, не сум жено тепач, не сум никаков тепач, само сум жртва на една болна параноја на една несигурна млада жена. За нејзината параноја сведоци се и тие малку мои пријатели со кои морав да ја прекинам комуникацијата и да се изолирам со години, со години немав отидено на кафе некаде или на пиво, тоа беше мисловна именка за мене…“-вели Саше Политико.

(Неговата изјава е пренесена од Мактел, без никакви измени)